понеделник, 29 декември 2025

Мицкоски: Владата чекори со најмладите, за децата денес, за иднината утре

Денеска во скопските општини Ѓорче Петров, Карпош, Центар и Кисела Вода, премиерот Христијан Мицкоски се дружеше со најмалите жители на овие општини и во пресрет на новогодишните и божикните празници им подари пакетчиња, а тие нему радост и насмевки. Денеска и Владата беше во поинакво, невообичаено руво. И таму најмладите уживаа во новогодишната програма и се радуваа на претстојните празници.

Објавено на

часот

Сподели

Детската насмевка, напиша Мицкоски на фејсбук, нѐ потсетува, зошто вреди да се работи со одговорност, грижа и љубов за држава во која секое дете расте со надеж, сигурност и верба во подобро утре.

Премиерот сподели фотографии и од новогодишна средба со дечиња во Владата.

„Владата денес е во поинакво руво. Најмладите меѓу вработените, со најголемата надеж. Млади лица, големи соништа. Владата денес чекори со нив, нивната радост е нашата сила. За децата денес, за иднината утре“, напиша Мицкоски. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ