сабота, 13 декември 2025

Мицкоски: Венко, Али и Димче патолошки го мразат ВМРО-ДПМНЕ

Венко, Али и Димче се здружени за власт и заради патолошка омраза кон ВМРО-ДПМНЕ, истакна премиерот Христијан Мицкоски попладнево на предизборен митинг во Демир Хисар. Според лидерот на владејачката партија Мицкоски, граѓаните на овие избори имаат две опции, како што рече „коалицијата на ВМРО ДПМНЕ со јасни резултати постигнати во изминатите 15 месеци и непринципиелната коалиција на СДСМ, ДУИ и Левица“.

Објавено на

часот

Сподели

„На овие избори треба да имаме јасна претстава на опциите што се пред нас. Едната опција е коалицијата што се здружи на основа на два приниципа, првиот е желбата за власт по секоја цена, без разлика на нивните политички и човечки разлики како и нивната желба за власт и привилегии што ги уживаа и безмилосно ги користеа. Второстепена е и патолошката омраза кон ВМРО ДПМНЕ, а тоа е коалицијата што ја предводи СДСМ, а потоа се ДУИ и Левица. Здружени се Венко, Али и Димче за власт и заради патолошката омраза кон ВМРО ДПМНЕ. Втората опција за граѓаните е коалицијата што ја предводи ВМРО ДПМНЕ. Секој што мисли дека има трета, четврта или поинаква опција се лаже бидејќи тоа е невозможно. Секој глас што ќе замине кон некоја друга опција е глас фрлен за бадијала и служи на некој што не му мисли добро на Македонија“, нагласи Мицкоски.

На предизборниот митинг во Демир Хисар, претседателот на ВМРО ДПМНЕ потсети на поддршката што Владата ја дава на општините низ земјава како Влада на сите граѓани.

„Најголемата лага на опозицијата во изминатиот период беше лагата дека сме ги задолжиле неродените генерации со 7-8 милијарди евра. Но вистината е друга, во март 2025 година, јавниот долг на земјава после 7 години е намален на 4,7 проценти спредено со бруто домашниот производ. Никогаш не го засрамивме вашиот образ кога станува збор за нашите национални интереси, ние знаевме дека треба да победуваме насекаде во Македонија, но и во други центри во светот. Ние сме свесни дека сме еден од најмалубројните народи во Европа, а ВМРО ДПМНЕ ја има честа да ги брани националните интереси на еден од најмалубројните народи во Европа. Ние покажавме низ историјата дека иако сме еден од најмалубојните народи во Европа, македонскиот народ покажал дека можеме да совладаме посилни и помногубројни противници кога сме обединети како едно, затоа повикувам тука во Демир Хисар да се обединиме околу кандидатот за градоначалник Никола Најдовски и да победиме во првиот круг“, истакна лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски на митингот што попладнево се одржа во Демир Хисар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ