За средбата информира Мицкоски преку својот Фејсбук профил, нагласувајќи дека средбата минала во пријателски дух и заедничка заложба за натамошно јакнење на односите.
„Денеска остварив средба со вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави, Никол Варнс. Разговаравме за унапредување на билатералната соработка, заедничките приоритети и можностите за продлабочување на партнерството во области од заемен интерес. Средбата помина во дух на пријателство, отворен дијалог и заедничка заложба за понатамошно зајакнување на односите“, објави премиерот.






