„Во економска смисла, тоа е втората причина, веќе споменавме дека имаме рамка со која ни се ставаат на располагање околу 6 милијарди евра, или околу 5 милијарди фунти. Станува збор за два типа на проекти кои се договорени за работа. Првиот е реконструкција, модернизација и изградба на уште еден колосек на пругата што е дел од Коридорот 10, на потегот од Табановце до Гевгелија. Втората група проекти се поврзани со здравството: конечно завршување на Клиничкиот центар Штип, заедно со Медицинскиот факултет и студентскиот дом со 200 легла, завршување на здравствената установа во Кичево и реконструкција на Клиничката болница во Тетово.
Продолжуваме и понатаму да ја искористуваме рамката што ни стои на располагање. Тука, секако, спаѓаат проекти од енергетиката, проекти особено од транспортот, како и проекти од областа на медицината и здравството“, истакна Мицкоски.
„Можно е, во догледно време, доколку сè функционира на начинот на којшто очекуваме, да биде изграден и големиот Клинички центар во Скопје . Така што, придобивките ќе се мултиплицираат, и јас сум убеден дека како држава сме на прагот на еден трансформационен период.
Станува збор за трансформациони проекти кои што имаат за цел да додадат вредност- не само во квалитетот на живот на граѓаните тука, туку и генерално во македонската економија“, дециден е премиерот Мицкоски.
Во престојните денови ќе биде остварена и посета на Лондон каде високи делегации од двете влади ќе потпишат договор.