недела, 14 декември 2025

Мицкоски со порака до Ахмети: Политиките на ДУИ ја испразнија Македонија

На денешниот митинг во Тетово во рамките на изборната кампања за локалните избори на ВМРО-ДПМНЕ, партискиот лидер Христијан Мицкоски се обрати до Али Ахмети од ДУИ и му порача дека нивните политики ја испразнија Македонија и го намалија бројот на ученици Албанци. Мицкоски рече дека нема да му одговара на Али Ахмети со неговата реторика.

Објавено на

часот

Сподели

„Иако тој тоа го сака, тој моли да му одговорам на неговото национал романтичарска реторика, јас на народот нема да му кажувам басни, туку реалност. Јас само ќе прочитам факти за неговото 20 годишно владеење. Додека тој говори за приказни, јас говорам за сурова реалноста. За една деценија има 27 илјади помалку ученици во Македонија. Работата на ДУИ значи 200 ученици  да има помалку во второто полугодие во школите во Тетово во 2023та година. Во Општина Гостивар – побарани исписници од училиште поради иселување се за 200 ученици во основно и средно образование во 2023та година. Пад на население гледано низ млади ученици кои ја напуштиле државата поради иселување изгледа вака Арачиново -14 отсто, Липково – 40 отсто, Теарце – 37 отсто, Тетово – 18 отсто, Боговиње – 37 отсто, Желино -28 отсто, Врапчиште – 32 отсто, Гостивар – 35 отсто, Кичево – 36 отсто, Струга – 32 отсто. Ова е суровата реалност коешто го донесе Али и неговото учество, повеќе од две децении во Владата“, рече Мицкоски.

Тој се осврна и на правдата за која рече дека треба да биде право на секој граѓанин, а не привилегија на малкумина. Според Мицкоски, на Македонија и треба ресет на системот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ