Информацијата за состанокот ја соопшти преку објава на својот Фејсбук профил, во која наведува дека во фокусот на разговорот биле економските партнерства, европската интеграција, како и можностите за реализација на заеднички иницијативи во повеќе области од заемен интерес.

„Денеска во Владата одржавме средба со германските амбасадори во регионот, на која разговаравме за продлабочување на билатералната и регионалната соработка. Во фокусот беа економските партнерства, европската интеграција, како и можностите за заеднички иницијативи во повеќе области од заемен интерес“, е наведено во објавата.
Средбата, додава премиерот, претставува уште еден чекор кон зајакнување на односите со Сојузна Република Германија како наш стратешки партнер.






