сабота, 20 декември 2025

Мицкоски: Секој кој бил поврзан со случајот во Кочани треба да биде изведен пред лицето на правдата

Секој оној кој на било каков начин и во било каква форма има поврзаност со пожарот во дискотеката во Кочни треба да биде изведен пред лицето на правдата, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски по извршениот увид во градежни активности на улица „8 Септември“ во Градско.

Објавено на

часот

Сподели

Прашан за коментар за новата сторија на ИРЛ, во која се тврди дека има вмешаност на даночни инспектори во случајот Кочани, а не биле опфатени со обвинението, тој нагласи дека случајот го води обвинтелството, односно државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.

„Видовте и вие изминатиот период, 12-тина обвинители работеа на овој случај. Ако е прашањето дали сум задоволен од работата на Обвинителството, мојот одговор ќе биде не сум задоволен. Токму тоа беше причината зошто поддржавме во парламентот смена на Коцевски, а зошто СДСМ и ДУИ не ја поддржаа смената на Коцевски тоа е друго прашање“, изјави Мицкоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ