недела, 7 декември 2025

Мицкоски: Се срамиме пред Стразбур од судиите кои бараат двојно зголемување на платите

Забележав дека во соопштението јасно стои дека имаат забелешки на процесот, начинот на судењето, нарушување на човековите права и отвораат предмет да го разгледаат тој процес. Ќе ве потсетам дека за вакви случаи ние подолго време зборуваме. Тоа се овие судии на кои им е мала платата, сакаат двојно, тројно поголема. Партиски октроирани и заробени од страна на претходната влада, вели претседателот на Владата на Македонија Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

Објавено на

часот

Сподели

Премиерот Мицкоски рече дека судијата што го водеше судскиот случај „Тенк“, денеска ги удира пензионерите за линеарното зголемување на пензиите.

„Видете кој го водеше овој случај ‘Тенк’ и видете каде се наоѓа тој судија денес. И не престанува тој судија денес ги атакува пензионерите за линеарното зголемување на пензиите, сака тоа право да им го одземе, а од друга страна бараат двојно, тројно поголеми пати. А гледате какви пресуди политички октроирани носат. За жал мораме да се срамиме и црвенееме пред Стразбур, поради ваквите малкумина судии кои за жал го контаминираат нашето судство и малкумина обвинители кои за жал го контаминираат нашето обвинителство.“
Премиерот Мицкоски посочи дека во правосудството се потребни суштински реформи, а не зголемување на плата за која како што рече и така е драстично поголема од просечната плата во државата.
„Јас уште еднаш ќе кажам, реформи во делот на судството и обвинителството се апсолутно потребни, но суштински реформи, а не зголемување на платите на овие судии кои што не ја заслужуваат ни оваа плата, која што е драматично поголема од просечната плата во државата. Ја прочитав оваа информација која дојде од Стразбур и тоа е само потврда за октроираното судство во кое поединци внатре се заложници на претходната влада на СДСМ и ДУИ“, дециден е Мицкоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ