Мицкоски оцени дека СДСМ останала нереформирана, дека ги збила редовите со корумпирани кадри и дека кампањата им ја води лидерот во сенка.
„Тие се борат за нивниот дом, за удобностите во кои уживаат со децении, да си ги задржат. Се борат за заштита на корупцијата, за заштита на мафијашите, за заштита на Артан, Зечевиќ, Ковачевски, Маричиќ, Спасовски, Николовски, Бектеши. Се борат за да се врати времето на дилови, тендери, бизниси и дивеење. Најдобро ќе беше да кажат: ‘Се бориме за нашиот живот’“, рече Мицкоски пред жителите на Кисела Вода.
Тој додаде дека СДСМ води црна кампања со монтирани видео клипови, додека ВМРО-ДПМНЕ нуди конкретна програма со проекти.
„Додека ние на избори пред вас излегуваме со понуда, нивната понуда се напади и клевети, црна кампања, сечени и монтирани видео клипови. Тоа е денешното СДСМ. И така тие мислат дека ќе го привлечат вниманието, а не знаат дека на тој начин само одбиваат луѓе од себе“, рече Мицкоски.
Toj на митингот во Центар истакна дека nа митинзите на СДС дури и нивните пратеници не им доаѓаат, Венко Филипче и Заев се сами.
„Вчера нашите противници беа тука, освен тоа што кажаа дека ќе не направеле салата, на изборите, друго не понудија. Заев нудеше живот и ајро, а Венко среќа и салата. А вистината е дека ниту среќа ќе донесат, ниту салата ќе нѐ направат. И знам дека зад тоа простодушно храбрење на сопствените митинзи, се крие огромен страв од поразот кој го чека, но еве да му соопштам на Венко дека народот салата нив ќе ги направи на овие локални избори. И разбирате дека СДС е партија на проблеми, го оставиле Венко сам да ја трга маката која сам си ја прифати и создаде, и товарот кој сам си го впрегна на грбот. Впрочем, тој, а да не кажам и Заев и неговиот струмички гуру, ја управуваат СДСМ, но е јасно дека Венко покрај помошта на неговиот гуру, ако воопшто може да се нарече некаква помош, друго нема. На неговите митинзи со лупа не можете да најдете некој пратеник од неговата пратеничка група во Собранието, не можете да најдете ниту некој друг висок функционер, затоа што бродот кој тоне сите го напуштаат, а СДСМ со овие луѓе на чело одамна е во стечај. А таму се затоа што не извлекоа поука од ниту една работа што ѝ ја направија на Македонија. Нереформирани и во целосна безидејност. Никаква промена не направија“, нагласи Мицкоски.






