Одговарајќи на новинарско прашање зошто Владата одлучила Савевски да биде нејзин избор за државен јавен обвинител, Мицкоски рече дека, според биографијата и распрашувањето. било оценето дека овој кандидат би можел да биде добар, па и одличен нов државен јавен обвинител.
„Јас лично не го познавам Ненад Савевски, но од она што можев да го видам од неговата биографија, но и од распрашувањето, цениме дека би можел да биде добар, односно, да не речам, одличен нов државен јавен обвинител“, истакна премиерот Мицкоски.






