четврток, 19 март 2026

Мицкоски: Самитот на ЕПП е одлична можност за продлабочување на партнерствата

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на самитот на Европската народна партија (ЕПП) во Брисел. На самитот на лидерите што се дел од семејството на ЕПП се дискутирале клучни прашања за иднината на Европа.

Објавено на

часот

Сподели

„Денес имав чест да присуствувам на самитот на ЕПП, каде што заедно со истакнати лидери и претставници од Европа се дискутираа клучни прашања за иднината на нашиот континент. Размената на идеи, искуства и визии беше од особено значење, а атмосферата беше исполнета со енергија, соработка и заедничка посветеност кон европските вредности. Овој самит претставуваше одлична можност за продлабочување на партнерствата и за зајакнување на улогата на нашата земја во европските процеси. Убеден сум дека ваквите средби придонесуваат за подобра иднина и посилна Европа за сите нас“, објави Мицкоски на својот фејсбук-профил.

Мицкоски со партиска делегација од ВМРО-ДПМНЕ вчера присуствуваше на свеченоста по повод 50-годишнината од формирањето на ЕПП.

Претходно се сретна со својот хрватски колега Андреј Пленковиќ.

Како што најави ВМРО-ДПМНЕ, посетата на Мицкоски на Брисел ќе биде искористена за билатерални средби со присутните претседатели, премиери и лидери од семејството на Европската народна партија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ