понеделник, 14 јули 2025

Мицкоски прогнозира дека во првиот квартал ќе бидеме во првите пет економии во Европа

Христијан Мицкоски, македонскиот премиер, денеска изјави дека очекува, според растот на БДП, македонската економија во првиот квартал од годинава да биде меѓу првите пет-шест економии во Европа.

Објавено на

часот

Сподели

„Тоа го кажувам изминатиов период и очекувам конечно и првиот квартал од оваа година да покаже едно консолидирање, да бидеме во првите пет-шест, би рекол економии во Европа, во првиот квартал според процентот од Бруто домашниот производ на раст. Би се задржал на онаа бројка што од порано ја имам комуницирано, помеѓу три-четири проценти, но да видиме деновиве, претпоставувам ќе се објави и таа бројка“, изјави Мицкоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ