недела, 14 декември 2025

Mицкоски: Пред конечен договор сме со ЗНАМ за Куманово и Центар

Со ЗНАМ сме мошне блиску до договор за нивните кандидати за Куманово и Центар, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. „Не би можел да кажам дека имаме конечен, но многу блиску сме до договор. Во таа насока мериме уште неколку општини да видиме дали во тие општини кандидатот од ЗНАМ или кандидатите од ВМРО-ДПМНЕ имаат подобри перформанси кај граѓаните. Уште две три општини се отприлика во фокусот на тие разговори. И убеден сум дека на крај ќе постигнеме договор за заедничка поддршка на кандидатите за градоначалници. Што се однесува до советничките листи, коалицијата што ќе ја предводи ВМРО ќе си има свои листи, а политичката партија ЗНАМ ќе си има свои листи“, додаде Мицкоски.

Објавено на

часот

Сподели

Тој информираше дека ВМРО-ДПМНЕ продолжува со мерењата за кандидатурите за престојните локални избори, а на почетокот на септември ќе се одржи состанок на Извршниот комитет на партијата, па до почетокот на следниот месец ќе бидат познати сите параметри.

Крајниот рок на доставување на кандидатурите е 13 септември.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ