понеделник, 15 декември 2025

Мицкоски: Пожарите се под целосна контрола

Имаме од 30, па и повеќе пожари секој ден. Вчера беа повеќе од 50 пожари. За најголемиот дел од нив постојат основани сомневања дека се подметнати или се случиле од негрижа. До сега можам да кажам дека ја држиме работата целосно под контрола. Во функција се сите оперативни летала коишто ги има Дирекцијата за заштита и спасување, Армијата и полицијата. Во функција се и оние возила, специјални возила, условно да кажам, коишто ги подготвивме, бидејќи знаевме што нè очекува ова лето. Го активиравме и европскиот механизам, изјваи денеска македонскиот премиер Христијан Мицкоски.

Објавено на

часот

Сподели

Огнена стихија има насекаде во Европа, рече премиерот, потенцирајќи за медитеранскиот дел.
„Но имајте предвид дека ваков тип на огнена стихија има насекаде во Европа, зборувам во медитеранскиот дел. Во Грција има жртви, огромни пожари, цели населби се зафатени. Во Турција исто така има жртви и повредени, цели населби, цели градови. Албанија, Косово, Босна, Хрватска, Србија, до пред некој ден знам дека имаше околу 240 на ден. Шпанија, Италија, Кипар исто така. Така што, во овој момент нема слободни воздухоплови кои би биле дел од тој ЕУ-механизам којшто би помогнал. Во моментот, повеќе од 200 припадници на Армијата се на терен. Полициските службеници ги возат оние специјални возила, БТР, пинцгауери и хермелини. Се организираме, работата е под контрола. Ќе се случува цело лето, ќе има и во август. Во овој момент немаме некаде огнена стихија којашто е надвор од контрола“, објасни Мицкоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ