недела, 14 декември 2025

Мицкоски: Постигнат е напредок со Бугарија за коридорот 8, ЕУ да го финансира тунелот

Премиерот Христијан Мицкоски изрази задоволство за постигнатиот напредок  меѓу Скопје и Софија за доизградбата на коридорот 8. Посочи дека така треба соседите да градат доверба.

Објавено на

часот

Сподели

„Што се однесува до коридорот 8, јас се радувам и би рекол аплаудирам на постигнатиот напредок, којшто го имаа на состанокот потпретседателот на Владата и министер за транспорт, Николоски, со неговиот колега од бугарската влада. Тоа е чекор напред. Така треба да градат доверба соседи, заеднички да реализираат проекти, да ги надминуваат потенцијалните предизвици. Мислам дека е огромна порака“, вели Мицкоски.

Премерот Мицкоски очекува веќе следната недела, во Брисел на техничко експертско ниво да се разговара за деталите и како што рече „очекуваме тука исто така да излезе во пресрет и самата ЕУ, и тој тунел којшто претставуваше пречка, да го финансира преку грант“.

Прашан и за понудите за изградба на коридорот 10, Мицкоски одговори дека до 7 јули се очекува да пристигнат понуди од финансиски институции.

„Сега не би коментирал дали има пристигнато. Да почекаме, недела дена се во прашање, не е премногу“, подвлече Мицкоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ