петок, 2 јануари 2026

Мицкоски: Почната е темелна реконструкција на градинката „Мајски цвет“ во Тафталиџе 1, се подобруваат условите во детските установи

Премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи информира дека во рамки на стратешките заложби за подобрување на условите во детските установи и зголемување на квалитетот на предучилишното воспитание, почната е темелна реконструкција на ЈОУДГ „Мајски цвет“ во населбата Тафталиџе 1 – еден од најзначајните капацитети за згрижување и едукација на деца во Општина Карпош.

Објавено на

часот

Сподели

Проектот опфаќа целосно обновување на постојниот објект, со активности кои вклучуваат градежни и технички зафати за подобрување на функционалноста, безбедноста и енергетската ефикасност на просторот. Со реализацијата на овој проект, како што посочува Мицкоски, не само што се модернизира објектот, туку и се овозможува простор што ги стимулира креативниот, социјалниот и емоционалниот развој на децата од најрана возраст.

„Инвестицијата изнесува 108.941.063 денари и е финансирана од Владата преку Министерството за социјална политика, демографија и млади, како дел од поширокиот процес на унапредување на јавната социјална инфраструктура, со фокус на еднакви услови за сите деца и создавање на основи за здраво и безбедно детство. Проекти за трајна промена – темели за сигурна иднина“, напиша премиерот во објавата на својот Фејсбук профил.

Предвидена е замена на покривната конструкција, реконструкција на внатрешните простории и адаптација на просторот според современи педагошки стандарди. Ќе се обноват санитарните јазли и ќе се изведат мерки за топлотна изолација, што ќе придонесе за поудобен и поекономичен престој на децата и вработените.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ