„Основен проект за реконструкција на постојна улична мрежа коловоз на ул. Ѓорѓи Димитров во општина Кисела Вода. Во работната фаза се реализираат теренски активности за целосна реконструкција на улицата ‘Ѓорѓи Димитров’, со фокус на подобрување на безбедноста, функционалноста и квалитетот на сообраќајната инфраструктура. Работите се изведуваат согласно современи стандарди за урбано уредување и долготрајност на патната конструкција“, објави Мицкоски, во делот „Проекти за трајна промена – темели за сигурна иднина“.

Зафатите, како што наведува, опфаќаат темелна реконструкција на коловозната површина, замена на тампонскиот слој и изградба на нова асфалтна конструкција во два слоја, како и реконструкција на тротоарите од двете страни на улицата со нови павер елементи.
„Паралелно се врши нивелирање и зајакнување на шахтите од фекалната и атмосферската канализација, со што се обезбедува стабилност и сигурност на целата сообраќајница. Со инвестиција во вредност од 51.891.337 денари, проектот значително придонесува за подобрување на сообраќајниот проток, урбаното уредување и секојдневната мобилност на граѓаните“, објави премиерот Мицкоски.






