петок, 5 декември 2025

Мицкоски побарал да сопре исплатата на поддршката, за да се утврдат сите злоупотреби

Европската комисија не донесе одлука да се блокира исплатата на парите од програмата ИПАРД за поддршка на земјоделците, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски. Напротов, додаде тој, поздравена е позитивната акција од луѓето од Европската комисија.

Објавено на

часот

Сподели

Премиерот рече дека тој побарал да бидат сопрени исплатите од програмата.

„Да, јас тоа го побарав, затоа што мора да видиме до каде одат злуопотребите. Првичните информации се дека не е тоа од сега, се правело и наназад. Сè ќе испитаме, а секој што мисли дека така ќе помине, се лаже. Има да одговараат сите од прв до последен, кој сака нека е“, рече премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ