Денеска на ГАК беше заокружен процесот на реконструкцијата и набавката на нова опрема за клиниката.
„Како Влада, продолжуваме и понатаму. Нашата цел е да го јакнеме јавното здравство, граѓаните да добијат јавно здравство онакво какво што заслужуваат, се разбира. Нашата политика е prolife политиката, односно да испратам уште една порака до младите да се одлучат да се реализираат како родители, да се раѓаат што е можно повеќе бебиња. Денеска видовме една статистика, за којашто јас често пати зборувам во јавноста, од 2016-та до 2024-та имаме за 6.000 помалку родени бебиња. Ако е една училница од 20 ученици, тоа значи 300 празни училници имаме сега и ако една училница е долга 20 метра, имаме 6 километра празни училници. Отприлика вака изгледа изумирање на една нација. Ако на некого тоа не му е јасно јас би сакал преку бројки да кажам, колку и да бидам критикуван, јас ќе си продолжам со ова што го кажувам затоа што мислам дека за бадијала ние правиме и училишта и градинки и игралишта и улици и булевари и автопати и се ако нема кој тоа да го користи.

Затоа мојата порака до младите е љубовта кон татковината се манифестира со тоа што одлучуваме, се разбира тоа е лична одлука, но, одлучуваме да создадеме семејство и да се реализираме како родители.
Уште еднаш благодарност до вработените во Клиниката, до директорката, до министерот, до директорот на Фондот, до сите оние коишто учествуваа во реализацијата на овој објект и секоја година да постигнуваме рекорди и секоја година да биде подобра споредно со претходната, според бројката на родени деца“, изјави Мицкоски за време на посетата на клиниката.






