недела, 14 декември 2025

Мицкоски по повод Денот на независноста на САД: Нека 4 Јули биде потсетник дека заедно можеме да изградиме попросперитетен свет

Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка по повод Денот на независноста на Соединетите Американски Држави (САД) во која стратешкото партнерство со САД е темелено врз заеднички принципи и меѓусебна почит.

Објавено на

часот

Сподели

„Овој ден е симбол на слободата, демократијата и стремежот кон подобро утре, вредности кои и ние ги споделуваме и кон кои се стремиме. Нашето стратешко партнерство со САД е темелено врз заеднички принципи и меѓусебна почит. Благодарни сме за континуираната поддршка на Соединетите Држави на македонските реформски процеси, безбедносната стабилност и евроатлантската интеграција. Нека 4 Јули биде потсетник дека заедно, како пријатели, партнери и сојузници, можеме да изградиме послободен, побезбеден и попросперитетен свет“, напиша Мицкоски на фејсбук.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ