вторник, 6 мај 2025

Мицкоски: Папата Францискo беше глас на совеста во време на глобални предизвици

Премиерот Христијан Мицкоски изрази сочувство по повод смртта на папата Франциско во кое посочува дека тој како духовен водач зад себе остава неизмерно хуман, чесен и посветен траг во историјата на современиот свет.

Објавено на

часот

Сподели

„Неговата порака за мир, солидарност, грижа за најранливите и дијалог меѓу народите беше светлина за милиони луѓе, без разлика на верата или нацијата. Беше глас на совеста во време на глобални предизвици и неизмерен пример за човечност и морална храброст. Папата Франциско низ годините континуирано ја изразуваше својата поддршка за Македонија – за нејзините напори за мир, соживот и почитување на различностите“, се истакнува во објавата на премиерот Мицкоски на неговиот офијален фејсбук профил.

Премиерот додава дека неговите зборови секогаш охрабруваа, а неговиот однос кон нашиот народ беше исполнет со топлина и почит.

„Во мое лично име, во име на Владата и на граѓаните, упатувам најискрено сочувство до Ватикан, Католичката црква и сите верници кои денес тагуваат. Вечна му слава и благодарност“, се наведува во изразеното сочувство на Мицкоски за папата Франциско.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ