сабота, 7 јуни 2025

Мицкоски – Орбан: Унгарија е наш искрен пријател

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Будимпешта имаше средба со претседателот на Владата на Унгарија, Виктор Орбанr.

Објавено на

часот

Сподели

Мицкоски на Фејсбук објави дека разговорот бил фокусиран на одличната билатерална соработка помеѓу Македонија и Унгарија, како и на можностите за нејзино натамошно продлабочување.

 

„Унгарија е наш искрен пријател, силен поддржувач на македонската европска интеграција и важен стратешки партнер. Во разговорот нагласив дека Македонија останува цврсто посветена на својот европски пат, на остварувањето на европската перспектива и на зачувувањето на стабилноста во регионот. Изразив благодарност за постојаната поддршка од страна на Унгарија со уверување дека стратешкото партнерство ќе продолжи да се развива со уште поголема динамика“, наведува во објавата претседателот на македонската Влада.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Будимпешта присуствува на СРАС конференција (The Conservative Political Action Conference) која се смета за најголем и највлијателен собир на конзервативните партии во светот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ