„Многу е важно да се гради Македонија насекаде, не е важно кој градоначалник од каде е, не е важно дали е од редовите на Владата, или е од редовите на опозицијата. Жалам што денеска градоначалникот на Делчево не е со нас, за да покажеме дека кога нешто убаво се прави, без разлика што сме од различни политички опции, треба да сме заедно бидејќи ова се проекти за граѓаните“, изјави Мицкоски.
Изрази надеж дека се работи за момент на слабост на СДСМ и дека на идните настани на кои ќе бидат промовирани проекти за граѓаните, ќе бидат присутни и градоначалниците од опозицијата.
„Се надевам дека ова е само еден момент на слабост за СДСМ и дека во другите општини каде има градоначалници од СДСМ или од опозицијата кога ќе појдеме да ги промовираме проектите за граѓаните, ќе имаме градоначалници кои сега се во опозиција“, рече Мицкоски.