недела, 7 декември 2025

Мицкоски од Брисел: По сите понижувања ги повторивме нашите достоинствени позиции за Македонија (ВИДЕО)

Сето она што претставува наш приоритет е и приоритет на господинот Антонио Кошта, изјави македонскиот премиер Христија Мицкоски по средбата со претседателот на Европскиот совет.

Објавено на

часот

Сподели

Изјавата на Мицкоски по средбата со Кошта ја пренесуваме во целост:

„Првата средба ја имавме точно пред една година кога господинот Кошта беше избран за претседател на Европскиот совет и од тогаш до денеска негуваме навистина пријателски и искрени односи. Господинот Кошта е голем пријател на Македонија и во таков дух помина денешната средба.
Повторно разговаравме за актуелните теми, нормално приближувањето на нашата земја кон Европската Унија и конечно формалното отпочнување на преговорите.
На состанокот апсолутно ги повторивме нашите единствени позиции што навистина се позиции достоинствени после сите оние понижувања кои ни се случија во минатото, изминатите 25 години откако практично почна овој наш пат кон приближување кон Европската Унија.
Имавме пријателски и би рекол прилично продуктивен состанок, едноставно сето она кое што претставува наш приоритет е и приоритет на господинот Кошта. Покрај приближувањето кон ЕУ и отпочнувањето на преговорите, имаше уште неколку проекти кои за нас се стратешки важни, тоа е гасниот интерконектор со Србија и крак на гасниот цевковод кон соседно Косово. Понатаму, тарифите за челикот и челичните производи на македонските производители, како и заедничкиот проект што нашата македонска Влада ќе го има со Европската комисија, а се однесува на проектите кои што треба да ги реализираме во Кочани и во кочанскиот регион.
Сè на сè, можам да кажам дека исклучително успешна и продуктивна средба, продолжуваме и понатаму со нашите средби овде во Брисел. Имаме настан со Еуроњуз, имаме вечер вечера со комесарката Марта Кос и се надевам и сигурен сум на позитивни вести“, изјави Мицкоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ