„Народот за време на кампањата, но и изминатиов период, може да направи јасна разлика и мислам дека граѓаните ќе одлучат да одиме сите напред во развој, а не да се враќаме назад во оние времиња кога Македонија се ограбуваше и се распродаваше. Македонија заслужува подобро и очекувам денеска таков да биде изборот на граѓаните“, рече Мицкоски.
Мицкоски: Oчекувам да прогласиме уште една историска победа
Денот поминува мирно, достоинствено, онака како што се очекува, впрочем, како што се и македонските граѓани. Очекувам денеска денот така и да заврши, а со резултатите да прогласиме уште една голема историска победа за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, изјави претпладнево Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ и македонски премиер.

Објавено на
часот





