четврток, 26 февруари 2026

Мицкоски: Обвинителството треба да го повика Жан Митрев да даде исказ за обидот за преземање на неговата болница од Заев и Филипче

Обвинителството треба да го повика Жан Митрев да даде докази за тоа што го зборува бидејќи само така најлесно ќе се дознае дали тоа е вистина, изјави премиерот Христијан Мицкоски за ТВ Сител коментирајќи ги тврдењата на Жан Митрев дека имало обид за преземање на неговата болница од страна на Зоран Заев и Венко Филипче за време на претходната власт.

Објавено на

часот

Сподели

„Тврдењата на Жан Митрев се тврдења на жртва на луѓе од претходната власт. Јас не знам дали некој го повикал од Обвинителството Жан Митрев да посведочи и да даде докази, тоа е суштината. Очекувам идниот обвинител или обвинителка, не е битно, тој што ќе биде избран, да му биде тоа прва задача. Да го повика Жан, ако досега тоа некој не го направил, да го повика бидејќи човекот излезе јавно и кажа дека бил предмет на уцена на високи државни функционери“, кажа премиерот Мицкоски.

Тој исто така додаде дека вакви случаи на корупција кои треба да се истражат има многу и дека очекува со новиот јавен обвинител кој што треба да биде избран, овие луѓе да се охрабрат и со докази да пријавуваат во Обвинителство.

„Тоа е суштината. Не е суштината дали Зоран Заев поднел тужба за клевета кон „икс“ лице или кон „ипсилон“ лице. Суштината е дали нашето Обвинителство го повикало тој кој што тврди или тие кои тврдат, не е само тој. Мене лично ми дошле многу луѓе кои ми сведочеле дека биле жртва на уцена од претходната Влада. Ајде во претходниот состав на Обвинителството разбирам, се плашеле, обвинител бил тој што бил избран од претходното мнозинство, немале доверба можеби, не знам. Но, очекувам дека со новиот државен јавен обвинител, сите овие кои мене ми доаѓаат и ми пријавуваат дека биле жртва на уцени, на непријателско преземање на бизниси… да си пријават со докази како се исплаќани фактури во РЕК Битола, па како тие завршуваат магично на фирми во Бугарија… Тука имаме еден поширок опфат на нештата“, потенцираше Мицкоски.

„Тоа е суштината. Дали некој во Јавното обвинителство го повика Жан Митрев да даде исказ и да даде докази? Тука најлесно ние ќе знаеме дали е вистина тоа или не е вистина. Дали некој туку-така си излегува и си кажува или не е така.“

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ