понеделник, 8 декември 2025

Мицкоски: Образование за вредности, за семејството и за татковината

Можеби за првпат после седум години, учениците во првиот училиштен ден ќе ги имаат учебниците пред себе, нешто коешто е многу значајно, нешто коешто во минатото за жал изостануваше. Ја користам оваа прилика да им се извинам на родителите што пред повеќе од 15 години зборувавме за компјутер за секое дете, а денес после 15 години зборуваме за учебник за секое дете, но ви ветувам дека преку нова дисциплина, а тоа е вештачката интелигенција со којашто ќе се запознаат нашите дечиња ќе можеме да зборуваме за иднината и за предизвиците коишто ни ги носи иднината, изјави денеска македонскиот премиер Христијан Мицкоски на почетокот на учебната година во ОУ „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода во Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

„Можам исто така со задоволство да кажам дека за првпат после 7-8 години учениците во училиштата низ Македонија ќе имаат можност пред себе да ги имаат учебниците по странски јазици, англиски, германски и француски, нешто кое е многу важно за да создаваат пријателства надвор од границите на нашата татковина, Македонија.
На најмладите и наставниците сакам да им порачам две работи. Ова се години кога учите за две многу значајни вредности, а тоа се семејството и татковината, нашата Македонија. Наставниците сум убеден дека вредностите коишто, најмладите првоодделенчињата ќе треба да ги дознаат за своето семејство за мама, за тато, за даде и за бато, но исто така и за она што се вика татковина, нашата преубава Македонија ќе го пренесат во вистински начин, во вистински дух, а тоа што првоодделенците ќе го научат сега ќе го практикуваат целиот свој живот.
Ви посакувам среќни првооделенски училишни часови и денови, но исто така и на сите ученици коишто денес го започнуваат првиот училишен час им посакувам нека им е среќна и успешна учебната година“, рече Мицкоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ