На средбата се очекува да се постигне согласност за договор за стратегиско партнерство на Македонија со Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.
Ова претставува стратегиски договор кој ја позиционира Македонија во редот на интересите и дејствувањето на една од највлијателните политички и економски сили во светот, како што е Обединетото Кралство.
Овој договор преставува ново поглавје во односите меѓу двете држави и преставува клучна основа за подоцнежна економска и политичка соработка.
Самиот договор се преговараше повеќе месеци меѓу тимови од двете држави, и вклучува членови за блиска соработка во повеќе клучни области.
Се очекуваат повеќе информации во текот на денот.