сабота, 20 декември 2025

Мицкоски: Немаме големи и мали заедници, сите сме Македонија

Денеска со искрена радост и гордост го одбележуваме Денот на Бошњаците – ден кој е симбол на идентитетот, традицијата и културното наследство на еден народ што низ историјата оставил длабока трага во нашата заедничка татковина. Да се слави овој ден значи да се слави богатството на Македонија, порача преку неговиот фејсбук профил премиерот Христијан Мицкоски по повод 28 Септември – Меѓународниот ден на Бошњаците.
Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

„Бошњачката заедница во Македонија е позната по својата чесност, работливост и гостопримство. Таа дала и дава значаен придонес во сите области – од културата и уметноста, преку науката и образованието, па сè до економијата и јавниот живот. Вашата заедница е доказ дека и малите заедници можат да имаат големо срце и голема улога во заедничката приказна на државата. Нашата заложба е јасна, Македонија мора да биде дом во кој секој граѓанин се чувствува еднаков, достоинствен и почитуван. Владата стои цврсто на ставот дека силата на државата е токму во почитувањето на различностите и во градењето доверба. Ние немаме ‘големи’ и ‘мали’ заедници – сите сме Македонија“, напиша Мицкоски.
Тој порачува дека овие зборови се наш патоказ – да научиме дека заедништвото не е само потреба, туку и вредност која нè прави подобри луѓе и посилна држава.
„Нашата иднина е европска иднина. Но таа иднина нема да ја градиме со поделби, туку со обединување. Затоа Денот на Бошњаците не е празник само на една заедница, туку на цела Македонија. Тоа е празник кој нè потсетува дека иднината можеме да ја градиме само заедно – со почит, со доверба и со љубов кон заедничкиот дом.
На сите припадници на бошњачката заедница им го честитам овој празник со желба за здравје, успех и благосостојба. Нека ни е честит Денот на Бошњаците, и нека е вечна нашата заедничка Македонија!“, напиша премиерот Мицкоски.
По повод 28 Септември – Меѓународниот ден на Бошњаците упатија и претседателката Гордана Силјановска Давкова, претседателот на Собранието Африм Гаши, вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ, лидерот на СДСМ Венко Филипче како и лидерите на останатите политичките партии во земјава.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ