Како што истакна Мицкоски, кампусот ќе се гради на површина од 31 000 метри квадратни и ќе претставува современ академски комплекс со модерни амфитеатри, студентски простор, базен, спортски сали – инфраструктура согласно потребите на современото високо образование. Инвестицијата е вкупно 42 милиона евра, од кои 40 милиони се за изградба, а два милиона за надзор на градбата.
„Оваа инвестицијата е дел од една поширока слика, сликата на образованието што го градиме. Денес поставуваме темел на нешто што е многу повеќе од градежен проект – темел на иднината. Со почнувањето на изградбата на новиот модерен кампус, ја потврдуваме нашата црвста опредлеба да инвестираме во знаење, во младите и во развојот на високото образование. Овој проект е стратешка инвестициоја во иднината на државата што ќе создаде современи услови за образвание, научна работа и академски развој“, подвлече Мицкоски.

Според министерката за образование и наука, Весна Јаневска, Владата продолжува да ги подобрува инфраструктурните услови за наставниците и студентите.
„Ова е исклулително важен момент, се поставува камен-темелник на најмладиот Универзитет. Ги подобруваме инфраструктурните услови за наставниците и за студентите – да бидат мотивирани, посебно професорите – да обезбедат одлично образование, да им пренесат на студентите знаење и вештини. Верувам дека изградбата ќе оди според плановите и дека за пет години ќе имаме прекрано здание – храм на науката, образованието, уметноста и на создавање човечки капитал. Очекувам тие што тука ќе работат и ќе учат, да и вратат на државата со стекенување сериозни знаења и вешини, да ја направата земјата поконкурентна“, истакна Јаневска.






