„Разговаравме за актуелната состојба со нафтените деривати, имајќи ја предвид кризата на Блискиот Исток и глобалните предизвици во оваа индустрија. Заклучивме дека нема простор за загриженост и дека состојбата е целосно под контрола. Залихи на горива има и нафтените потреби целосно се задоволуваат“, објави претседателот на Владата на Фејсбук.
Во објавата на неговиот Фејсбук-профил, премиерот Мицкоски напиша дека состојбата и натаму будно ќе се следи.
„Ќе продолжиме будно да ја следиме состојбата и ќе реагираме во зависност од реалните потреби“, додаде претседателот ан Владата.






