„Можам да изразам благодарност до сите оние кои во овој момент успешно се справуваат со пожарот. Состојбата е еднква и во другите земји на Балканот, каде некаде има и човечки жртви. Пожари има во Црна Гора, Албанија, Грција, во Турција, соседна Бугарија. Се надевам дека ќе дојде крајот на овие огнени стихии. Апелирам на однесување какво што треба во рамки на движењето по шуми, иако тоа е забрането. Очевидци за пожарот во Јасен тврдат дека оваа огнена стихија е настаната од удар на гром.
Состојбата е под контрола, иако борбата со огнената стихија овде во ловиштето Јасен продолжува. Упатувам огромна благодарност до сите оние храбри луѓе кои се борат со оваа огнена стихија и која што ја ставаат под целосна контрола“, рече Мицкоски.
Мицкоски: Натчовечки напори да се стави под контрола пожарот во ловиштето Јасен
Пожарот делумно е под контрола, иако сѐ уште во позадина има огромни јазици на пламен. Дејствуваат и воздухопловите, и ер-тракторите и хеликоптерите. Се надевам дека во најскоро време и овој пожар ќе биде ставен под целосна контрола. Во текот на вчерашниот ден на територијата на Македонија имавме околу 34 активни пожари, од кои 33 се изгаснати. Денеска пожарите на останатиот дел од територијата се целосно под контрола, немаме активни пожари, иако ситуацијата се менува од минута во минута. Ова денеска го изјави македонскиот премиер Христијан Мицкоски кој заедно со Стојанче Ангелов, директорот на Дирекцијата за спасување беа на лице место во Јасен.

Објавено на
часот





