недела, 15 јуни 2025

Мицкоски најави средба со британскиот премиер Стармер и добри вести за Македонија

По денешната официјална посета на Македонија, претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, заедно со македонскиот премиер Христијан Мицкоски, ја продолжи својата балканска турнеја кон Тирана, на самитот на Европската политичка заедница.

Објавено на

часот

Сподели

Премиерот Мицкоски на тргнување за Тирана, преку својот Фејсбук-профил ја најави средбата со британскиот премиер, Кир Страмер со „добри вести за Македонија“.

„Со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта патуваме во Тирана, на самитот на Европската политичка заедница, каде имам средба со премиерот на Обединетото Кралство, Кир Стармер со добри вести за Македонија“, напиша Мицкоски на Фејсбук..

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ