„Сумарно, за период помал од пет месеци, покачувањето ќе биде околу 12,35 проценти со тенденција, согласно договорот што го постигнавме со синдикатите, до крајот на мандатот на оваа влада, тоа покачување да дојде и до педесетина проценти. Сето ова се резултати на напорна работа на сите членови на Владата и јас за тоа им честитам и ги охрабрувам така да продолжиме со пријатни вести за граѓаните и да испраќаме позитивни пораки“, рече премиерот.
Тој уште најави дека Владата работи на покачување на капитацијата на матичните лекари.
„Ги слушам и јас тие реакции од страна на матичните лекари. Работиме на пријатно изненадување за нив. Очекувам дека веќе во следната недела ќе има добра вест занив. Работиме на овозможување покачување на капитацијата за матичните лекари, што би се движела помеѓу 20 и 30 проценти. Оставете да ги направиме конечните пресметки, ќе излеземе многу скоро со информација што мислам дека ќе биде позитивна вест за матичните лекари“, одговори премиерот Мицкоски на новинарско прашање.