четврток, 22 јануари 2026

Мицкоски на средба со сопственикот на „Фор-ај-џи“, ќе се инвестираат 100 милиони евра во развој на третиот мобилен оператор во Македонија

Денеска во Давос македонскиот премиер имаше средба со Гелерт Золтан Јашај (Gellért Zoltán Jászai) сопственикот на унгарската компанија „Фор-ај-џи“ (4iG), која ја доби дозволата за третиот мобилен оператор во Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

Во изјавата по средбата Мицкоски рече дека од неговиот соговорник добил информација дека во следниот период ќе инвестираат повеќе од 100 милиони евра во развој на третиот мобилен оператор.

„Што добиваат граѓаните? Граѓаните добиваат нова компанија која ќе нуди мобилни услуги и компанија којашто, сигурен сум дека ќе влијае позитивно во намалување на цените на услугите кои што мобилните оператори ги нудат за граѓаните во Македонија“, рече Мицкоски.

Според владиното соопштение, премиерот на панел-дискусиите денеска имал средби со светски лидери и претставници на мултинационални компании за предизвиците на човештвото во годините кои што следат.

„Се разбира еден од најголемите предизвици е вештачката интелигенција. Но, вештачката интелигенција само по себе не значи ништо, отколку само два обични збора. Но, кога ќе влезете во суштината ќе сфатите дека за да вие создадете општество кое што во иднина сериозно ќе ја користи вештачката интелигенција потребни се неколку предуслови, пред се сигурна енергетска стабилност и нормално развој, бидејќи сите оние дата центри имаат потреба од струја, односно од електрична енергија и второ ни требаат ИТ инженери односно ни требаат инженери кои што ќе ја користат таа вештачка интелигенција за потребите на општеството и потребите на граѓаните.
Се разбира дека ние како држава не смееме да останеме надвор од овие процеси, бидејќи тоа се процесите кои што ќе го опишат човештвото во годините кои што следат. Тоа се процесите кои што ќе имаа водечка улога во следните 10, 15, 20, 25 години. Македонија нема да седи на страна, туку Македонија ќе биде активен учесник во сите овие процеси“, изјави Мицкоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ