понеделник, 8 декември 2025

Мицкоски на дводневна посета на Обединетото Кралство за самитот на Берлинскиот процес

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски заедно со владина делегација ќе присуствува на самитот за Западен Балкан, Берлинскиот процес, кој оваа година се одржува во Лондон, Велика Британија.

Објавено на

часот

Сподели

Претседателот, заедно со вицепремиерот Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, министерката за финансии Гордана Кочоска Димитриеска, како и министерот за евроинтеграција Орхан Муртезани ќе учествуваат на голем број состаноци во склоп на Берлинскиот процес. На маргините на самитот а и во рамки на посетата на Обединетото Кралство, Претседателот на Владата се предвидени се голем број на билатерални средби, за што навремено ќе ја информираме јавноста.

При посетата на Обединетото Кралство, владината делегација ќе оствари повеќе економски работни средби кои ќе преставува економски исчекор за меѓусебната соработка.

Берлинскиот процес, годинава во Лондон се одржува на 22 октомври.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ