четврток, 29 мај 2025

Мицкоски – Милановиќ: Искрени ставови за регионалните перспективи и заеднички визии за иднината

Стабилна, просперитетна и интегрирана Европа е невозможна без полноправно членство на целиот регион, потенцираше премиерот Христијан Мицкоски по денешниот работeн ручек со хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, кој е во официјална посета на Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

Како што посочува Мицкоски во објава на Фејсбук, со хрватскиот претседател разговарале за можностите за продлабочување на соработката, како и за важноста на заедничките напори во справувањето со глобалните предизвици.

„Разговорот беше исполнет со искрени ставови, регионални перспективи и заеднички визии за иднината. Потврдена беше поддршката за европската иднина на Македонија и јасната перспектива за членство во Европската Унија“, наведува Мицкоски.

Милановиќ, кој е во официјална посета на земјава, беше пречекан на скопскиот аеродром од шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски, а со највисоки државни и воени почести беше пречекан од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со која имаше средба и заедничка прес-конференција.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ