недела, 15 јуни 2025

Мицкоски: Ќе се инвестираат 2 милијарди евра во здравството, енергетиката, инфраструктурата…

Следува инфраструктурен бум. Ќе се модернизира и реконструира коридорот 10, железничката пруга од Табановце до Гевгелија. Откако сето тоа ќе биде завршено граѓаните ќе патуваат и ќе можат да го користат железничкиот транспорт со брзина од 160 километри на час, изјави денеска претседателот на македонската Влада Христијан Мицкоски за планот за инфраструктурен бум што беше најавен Македонија 2025.

Објавено на

часот

Сподели

„А карго возовите, мислам дека еден таков поминува сега, тие ќе можат, наместо сегашните, во одредени делници од 10 до 15 километри на час, да возат 110 километри на час во просек. Што значи најмалку четири пати повеќе од сегашниот просек. Со тоа очекуваме, не само зголемена брзина на карго превозот којашто ќе транзитира низ нашата држава, туку очекуваме и зголемен интерес за повеќе по бројност композиции коишто секако поради побрзиот транзит, ќе биде зголемен бројот. Очекувам најмалку десет пати тој да се зголеми. Два пати по основ на интерес и четири до пет пати по основ на брзина. Така што во нето износ тоа да биде најмалку десет пати повеќе од ова што денеска е. И крајната цел е Македонски железници годишен приход од својата основна дејност да достигне помеѓу 100 и 120 милиони евра. Тоа е во делот на железничкиот превоз.
Исто така инвестираме во здравството. Продолжуваме со изградба на Клиничката болница во Штип. Зграда за Медицинскиот факултет, студентски дом, болницата во Кичево, реконструкција на Клиничката болница во Тетово, инвестиции од околу 190 и 200 милиони евра или во тотал заедно со реконструкцијата на коридорот ќе натфрли бројка од две милијарди евра.

И понатаму продолжуваме да бараме партнер за изградба на стратешки проекти. Во енергетиката главен фокус ни е проектот Чебрен-Галиште. Пред состанокот на Извршниот комитет имав состанок со министерката вчера, разговаравме околу стратегијата, пристапот и околу начинот на којшто тој проект понатаму ќе го водиме. И убеден сум дека овој пат државата ќе има можности да направи поинаков договор од тоа што беше во минатото случај“.

Премиерот Мицкоски на прашањето за реконструкцијата на Коридорот 10, дали е дел од Планот за раст, како услов кој треба да се исполни до 1 јуни, за да може да се повлечат 250 милиони евра од Европската Унија или е најавената инвестиција за новата траса одговори: „Дел од Планот за раст, но и дел од најавената инвестиција којашто на основа на Влада со Влада договор ќе го потпишеме. Многу скоро, веќе не се недели, денови се во прашање, македонската јавност точно ќе знае за што станува збор“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ