четврток, 1 јануари 2026

Мицкоски ќе разговара со пратениците за да обезбеди Бадентерово мнозинство за избор на Народен правобранител

Премиерот Христијан Мицкоски најавува во периодот што следи средби со пратеници и пратенички групи со цел да се реши прашањето со изборот на Народен правобранител за кој е потребно Бадентерово мнозинство.

Објавено на

часот

Сподели

– Ќе разговараме со повеќе пратеници и пратенички групи за да се надмине овој проблем. Цениме дека треба да се надмине бидејќи е дел од Извештајот што го подготвува Европската комисија за напредокот на Македонија како држава. И доколку сите сакаме да се придвижиме напред, доколку сите имаме желба да ја видиме земјата како рамноправен дел во рамки на Европската унија, тогаш не гледам причина зошто едно такво решение да не поддржано и сето ова да не биде завршено, изјави денеска Мицкоски при посетата на Кавадарци.

По заминувањето на досегашниот народен правобранител Насер Зибери во пензија, собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата го предложи Фатон Сељами за народен правобранител, но тој не може да биде изгласан затоа што нема доволен број пратеници за гласање по Бадентер, односно недостигаат гласовите од Европскиот фронт предводен од ДУИ.

И претседателот на Собранието Африм Гаши на една од средбите со новинарите во декември минатата година апелираше до пратениците да се изнајде политичка волја и да се избере народниот правобранител.

„Знаете дека треба да се изгласа со мнозинство и со Бадентерово мнозинство (20 пратеници од заедниците). Ја користам оваа можност преку вас медиумите да упатам апел до сите политички партии да го одблокираме овој процес, да најдеме решение, да седнат политичките актери да најдат решение. Пред се да бидеме совесни кон една многу битна институција како што е Народниот правобранител. Би сакал тоа најбрзо што е можно да се случи и веднаш би ја свикал седницата. Точката е на дневен ред, ќе ја изгласаме за да може да функционира и во однос на повторените избори кои се на 11 јануари 2026 година“, рече Гаши.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ