недела, 14 декември 2025

Мицкоски: Карпалак е рана, но и аманет да изградиме држава во која нема да има место за омраза

Слава за хероите од Карпалак. Нивното дело и пожртвуваност се памети, нивната храброст и одлучност се почитува, објави на Фејсбук премиерот Христијан Мицкоски по повод годишнината од загинувањето на македонските бранители кај Карпалак во конфликот од 2001 година.

Објавено на

часот

Сподели

„Нека нивната жртва биде аманет за идните генерации, дека слободата, мирот и достоинството се свети. Карпалак го паметиме како наша обврска, да изградиме држава во која нема да има место за омраза, за поделби, за неправди, и каде слободата на нашата татковина е неприкосновена.
Македонија никогаш нема да ве заборави! Карпалак е рана, но и аманет“, напиша Мицкоски.

На 8 август во 2001 година кај месноста Карпалак, на патот Скопје – Тетово, армискиот конвој беше нападнат од заседа. Животот го загубија десет резервисти на Армијата: Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ