„Што се однесува до законот за локална самоуправа, целта е сосема поинаква. Целта е да може да се направат измени кои што ќе бидат во согласност со изборните процеси кога се избираат градоначалници, советници итн. Не е целта дали имаме резиденти или нерезиденти. Но, кога веќе го поставувате тоа прашање, јас еве би ве повикал заедно сите да го промениме Изборниот законик и да направиме една изборна единица. И во таа една изборна единица да дозволиме и дијаспората да гласа, да дозволиме да се формираат избирачки места во оние држави во кои се дозволува согласно Устав да се формираат избирачки места надвор од дипломатско конзуларните претставништва“, изјави Мицкоски.
Мицкоски ја повика опозицијата заедно да изгласаат една изборна единица во која ќе гласа и дијаспората
Премиерот Христијан Мицкоски, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, ги повика пратениците од опозицијата да поддржат измени на Изборниот законик за една изборна единица, но да се дозволи да гласа и дијаспората.

Фото: Архива
Објавено на
часот