понеделник, 8 декември 2025
Споредено со истиот месец минатата година

Мицкоски: Индустриското производство во jули годинавa порасна за 4,1 процент

Континуираниот раст на индустриското производство е многу добра вест за македонската економија, соопшти премиерот Христијан Мицкоски.

Објавено на

часот

Сподели

Индустриското производство во јули оваа година порасна за 4,1 процент споредено со истиот месец минатата година. Јули е првиот индикатор за третиот квартал од 2025 година, напиша премиерот Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил.

„Преработувачката индустрија е носечки фактор за порастот на индустриското производство со раст од 7 отсто споредено со истиот месец минатата година. Кумулативно индустриското производство од почетокот на годината заклучно со месец јули  (во првите седум месеци од 2025 година) порасна за 3 отсто споредено со истиот период минатата година, а преработувачката индустрија порасна за истиот период 4,5 отсто. Целосно се менува структурата на македонската економија“, се вели во постот од Мицкоски.

Нагласува дека расте бројот на туристи и бројот на ноќевања, расте бруто-домашниот производ, расте цената на откуп на земјоделските производи, расте градежништвото, расте трговијата итн…

„Од земја во која криминалот и корупцијата беа секојдневие, а анти националната политика беше заштитен знак за владата, сега сме земја на економски раст, победи и стабилност. Чекор по чекор ќе направиме и многу повеќе. Нема откажување. Патриотска политика на дипломатијата со цел заштита на националните интереси“, истакува премерот Мицкоски во својот пост на Фејсбук.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ