„Граѓаните во Македонија се проевропски ориентирани, дури се поевропски ориентирани и од некои други земји членки на ЕУ и за тоа не треба никој да има дилема“, рече Мицкоски.
Вели дека е добро што расте поддршката за членство во ЕУ и дека тој лично очекувал тој процент да биде 90.
„Тоа значи дека ние работиме во креирање на перцепцијата за да се зголеми процентот кај граѓаните и ќе продолжиме така да работиме. Што е проблемот? Кога сите тие што денеска велат дали сте за ЕУ под услов да го сменитме сега Уставот, а да немаме сеуште извесен крај, е тогаш одговорот е обратен, тогаш 71 процент се против. Граѓаните се уморни од изневерувањето и очекувањата и покрај тоа што направија како ниту едни граѓани на земја членка на ЕУ. Овие граѓани одамна го заслужуваат местото во ЕУ и се надевам дека ЕУ заедно со нас ќе изнајде начин да гарантираме дека понатаму нема да има билатерлни вета. Убеден сум дека сме многу поподготвени од државите аспиранти во Европската унија“, истакна Мицкоски.
Ако ние менуваме Устав со цел одредена група во нашето општество да биде конститутивен дел на државата, тогаш, вели Мицкоски, барем нашата македонска заедница во тие држави треба да ги има елементарите човекови права – да може да се здружува во невладини организации.
Премиерот Мицкоски засега останува на ставот за редовни парламентарни избори во 2028 година.
„Ако денес ме прашувате, немам таква намера, рече Мицкоски“, коментирајќи го интервјуто на лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче дека Владата нема да издржи до 2028 година.






