сабота, 28 февруари 2026

Мицкоски и Љутков на Тодорова сабота во Свети Николе

По повод празникот Тодорова сабота премиерот Христијан Мицкоски и министерот за култура Зоран Љутков денеска беа во посета на Општина Свети Николе.

Објавено на

часот

Сподели

На неговиот фејсбук-профил Мицкоски објави дека бил во традиционална посета на Свети Николе по повод овој ден кој, како што вели, секогаш носи посебна атмосфера, исполнета со вера, традиција и заедништво.

„Тодорова сабота е длабоко вкоренета во нашата култура и претставува симбол на почит кон обичаите што се пренесуваат од генерација на генерација“, напиша Мицкоски на фејсбук.

А, министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска во Свети Николе го отвори Меѓународниот фестивал на изворен фолклор „Тодорица“ 2026.

Како што информира Министерството, во своето обраќање пред присутните Љутков истакна дека оваа  манифестација е значаен симбол на духовната сила, културната меморија и идентитетот на народите.

„Фолклорот не е само песна или оро, туку жив јазик на традицијата во кој се втиснати историјата и мудроста на предците. Фестивалот претставува мост меѓу генерациите и народите, културната различност не разделува, туку збогатува“, рече Љутков.

Според него, ваквите настани ја зајакнуваат соработката и пријателството и придонесуваат за афирмација на земјата како простор на богато културно наследство.

„Љутков посочи дека Министерството за култура и туризам ќе продолжи и во иднина да ги поддржува манифестациите што ја негуваат автентичната традиција и ги поттикнуваат младите да ги чуваат своите корени“, се наведува во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ