четврток, 1 јануари 2026

Мицкоски и Ѓорѓиевски меѓу скопјани, посакаа здравје, разбирање и успеси во новата 2026

Заедно со нашиот народ на плоштадот Македонија да ја дочекаме Новата година. Да посакам добро здравје, разбирање и успеси за секој еден човек на нашата Македонија. Среќна Нова година!“, објави претседателот на Владата, Христијан Мицкокски, неколку минути по полноќ, објавувајќи фотографии од плоштадот Македонија во Скопје каде со сопругата, градоначалкникот на главниот град Орце Ѓорѓиевски и присутните граѓани го пречека доаѓањето на новата 2026 година.

Објавено на

часот

Сподели

 
Градоначалкникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски пак честитајќи ја новата 2026 година на својот фејсбук профил на скопјани им посака здравје и заедништво.
„Ти се поклонувам Скопје! Среќна Нова година, мој народе! Да сте здрави, живи и секогаш да останеме вака сплотени. Вечерва покажавме како се сака градот убав.
Ви благодарам од срце“,напиша Ѓорѓиевски.
Тој не заборави да сподели и фотографии по завршувањето на прославата на плоштадот Македонија, изразувајќи благодарност до комуналните служби кои го чистеа градот.
„Никако не смееме да не ги спомнеме најтивките херои, оние кои после прославата за Новогодишната ноќ го средија плоштадот. Тие можеби се премногу скромни но постојано даваат се од себе за градот да биде чист и достоинствен. Ви се поклонувам!
И запомнете, јас сум секогаш со вас да ја вреднувам вашата жртва. Скопје ви благодари!“, напиша Ѓорѓиевски на фејсбук.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ