Одговарајќи на прашањето каков е капацитетот на државата кога шест месеци не знаеме каде е Груби, Мицкоски нагласи дека Груби кукавички избега, но како држава, рече, правиме се што е во наша моќ лицата бегалци од правдата да се обезбедат и да се вратат дома.
„Јас би кажал дека не е само Артан Груби избеган, има и некои други кои се бегалци од правдата и тоа е за мене многу лош начин, би рекол кукавички начин да се постапува. Но тоа е што е, сега ние како држава ќе се обидеме се што е во наша моќ овие бегалци од правдата да ги обезбедиме и да ги донесеме дома“, дециден е Мицкоски.
На прашањето дали има некоја информација од земја каде би можело да се наоѓаат овие лица, премиерот Мицкоски рече дека има индиции за сите, додавајќи дека некои лица се во регионот, а некои подалеку.