„Денес го одбележуваме денот на раѓањето на македонскиот великан Гоце Делчев, човек којшто оставил нераскинлива трага и денес се сеќаваме и го исполнуваме неговото дело што го направил и за македонскиот народ, за Македонија како држава, но и генерално за сите граѓани.
Неговата борба за независна македонска држава, за држава во срцето на Балканот, јас би рекол е епска. За жал прерано го загубил својот живот, на 31 година, имал уште многу што да каже доколку преживеел. Но за жал не успеал повеќе од 31 година да живее и го положува својот живот повторно со идеалите за македонската држава.
Така што уште еднаш денес да си го спомнеме неговиот лик и дело, да го чествуваме и да го сеќаваме и тоа нека ни биде пример како понатаму треба да ја градиме нашата заедничка татковина Македонија“, порача премиерот Мицкоски.






