„Ако има нешто ново за несреќата во Кочани нека каже, јас сум подготвен да се сретнам со него. Лидерска средба е пресериозна тема за да се разговара преку медиуми. Ако има некаков план или предлог нека каже. Ова се сериозни теми, бараат сериозен пристап“, рече Мицкоски.
За Мицкоски е несфатливо зошто од опозицијата не се задоволни од начинот како Обвинителството ја води истрагата, кога обвинителот Коцевски кобното утро пристигнал во Кочани со соработниците Ислам Абази и Гаврил Бубевски, избрани во нивно време. Појасни дека се повлекле од смената на Коцевски поради чувствителноста на ситуацијата, но дека тоа повлекување нема да биде трајно.
Предлогот за заеднички натпартиски кандидат за градоначалник на Кочани за Мицкоски е неприфатлив – во денови на тага било рано да се зборува за вакви теми.
Останатите партии се воздржани околу предлог за лидерска. Според албанскиот владин партнер Вреди лидерот на СДСМ нема кредибилитет за такво барање. За Таравари предлогот на Филипче е само губење време.
И Знам ќе ја чекаат прво да ја видат иницијативата, па потоа ќе носат одлука дали би би седнале на иста маса со СДСМ.
Од ДУИ го условуваат учеството со формирање на собраниска комисија со меѓународен надзор.