петок, 2 јануари 2026

Мицкоски го чека состанокот со Акса да ги договори деталите за изградба на капацитети за гасификација

Премиерот Христијан Мицкоски очекува на 12 јануари да има состанок на кој дефинитивно ќе бидат констатирани приоритетите со сопственикот и менаџментот на компанијата „Акса“ за најавената инвестиција од една милијарда евра во гасификација и конечно, ако се оди според планот на есен, да почнеме со камен-темелник во 2026 година.

Објавено на

часот

Сподели

За најавената гасификација и инвестицијата на гигантот „Акса“, Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на нова детска градинка во Кочани, рече дека физибилити студијата е направена од реномирана светска куќа, параметрите се јасни и приоритетите се дефинирани.

„Но истовремено сакам да ја информирам јавноста дека не е само овој проект со вредност до една милијарда евра – имаме уште неколку проекти кои се работат и се разработуваат во делот на гасната инфраструктура и когенеративните гасни централи. Очекувам наскоро и за нив, преку прес-конференција, да ги информираме граѓаните што е тоа што е сработено“, изјави Мицкоски.

Енергетските компании „Акса“, кои се дел од турската компанија „Казанчи Холдинг“ со која Владата претходно потпиша меморандум за сорабтка, е водечка турска компанија со над 25 години искуство, работи со инсталиран капацитет од над 3.500 мегавати во осум земји и оти работат во 22 земји на четири континенти.

Со нив, како што беше претходно објавено има план за изградба на секундарна гасоводна мрежа, топловодна мрежа и когенеративните централи со 500 мегавати инсталиран капацитет кои произведуваат 4,1 терават на час електрична енергија и 720 гигавати на час топлинска енергија на годишно ниво – инвестиција од над една милијарда евра.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ