четврток, 11 декември 2025

Мицкоски ги повика поддржувачите на СДСМ во недела да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ

Поддржувачите на СДСМ во недела имаат две опции, или да го поддржат кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Виница, Митко Костадиновски и бројот 9 и на тој начин да отпочне процес на внатрешна реформа на СДСМ или да го поддржат неговиот противкандидат, Гоце Милевски и на тој начин да го легитимираат партиското раководство кое буквално ја донесе СДСМ во фаза на исчезнување, изјави вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на завршниот митинг во Виница пред почетокот на изборниот молк во пресрет на вториот круг од Локалните избори 2025.

Објавено на

часот

Сподели

„Знам дека не ви е пријатно и се чувствувате разочарани кога гледате како некогаш големата СДСМ едвај ја поминува границата од стотина илјади гласови, знам дека ви е тешко ова да го гледате. Но, на овие избори кога ќе бидете позади параванот, со гласачкото ливче пред вас и со пенкалото во рака имате две опции. Едната опција е да го поддржите против кандидатот на Митко, којшто доаѓа од СДСМ и на тој начин да го легитимирате ова партиско раководство кое не ја донесе СДСМ под биолошкиот минимум, туку буквално ја донесе СДСМ во фаза на исчезнување. И втората опција која е пред вас е да го поддржите Митко и бројот 9 и на тој начин да отпочне процес на внатрешна катарза, на внатрешна реформа во рамките на СДСМ. Бидејќи, верувајте, и 61 пратеник во Парламентот и 60 градоначалници и апсолутна власт на ВМРО-ДПМНЕ и апсолутна дисциплина што до сега е невидена на политичката сцена во Македонија, имаат потреба од силна и политички стабилна СДСМ“, порача Мицкоски од митингот во Виница.

Зборувајќи за Костадиновски, Мицкоски рече дека тој е човек којшто си ја сака Виница и се бори за проект повеќе за градот, човек голем патриот и кој длабоко во себе ја сака својата татковина Македонија.

„Како претседател на Владата ќе ја има мојата недвосмислена поддршка да реализира проекти за општина Виница и убеден сум дека заедно со Владата сите проекти кои се дел од програмата ќе бидат реализирани, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот мини митинг во Виница во рамки на изборната кампања за вториот круг од локалните избори во недела на 2 ноември“, рече Мицкоски.

Тој ја искористи приликата да им се заблагодари на граѓаните на Виница и на цела Македонија што излегле на избори и дале масовна поддршка за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата со заокружување на бројот 9. Тој, исто така, упати повик до сите оние коишто во првиот круг останале дома и не гласале, мислејќи дека на тој начин ќе покажат некаков пркос, ќе испратат некаква порака која никој не ја препознава, да излезат масовно на гласање и да го искористат своето граѓанско право на избор.

„Денеска сме сведоци како дел од нашите граѓани коишто се на привремена работа надвор од Македонија, најчесто во западно европските земји доаѓаат во општина Брвеница, во општина Кичево мислејќи дека на тој начин ќе помогнат да двајца кандидати коишто се во тие општини ќе станат и градоначалници. Нема да успеат, но сепак, сите оние коишто во Виница одлучија во првиот круг да останат дома и кои се двоумат дали во вториот круг треба да излезат и да гласаат, ова нека им биде патоказ како треба да се брани својот интерес. А нашиот интерес, овде во Виница, пред сè и над се да имаме голема излезеност и се разбира дека при една таква голема излезеност бројот 9 ќе биде масовно поддржан. Не дозволувајте некој друг да ја креира вашата иднина седејќи дома, зошто тие што ќе излезат на овие избори имаат право да ја моделираат иднината на Виница и на Македонија. Со седење дома и до покажување некој револт или пркос ништо нема да се добие. Затоа излезете и гласајте, затоа што на тој начин вие сте суверен на вашата иднина, никој друг нема да мисли подобро отколку што вие мислите за вашата иднина“, истакна Мицкоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ